Со концерт на канадскиот џез вокалист Ори Даган, кој ќе го промовира својот албум „Click right here“, на платото на Ист гејт мол вечерва ќе биде затворена манифестацијата „Скопско лето“.

Канаѓанецот, на концертот во Скопје ќе настапи со врвни џез музичари од државава: Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон, Иван Иванов – тенорсаксофон, Сашко Николовски – тромбон, Гордан Спасовски – пијано, Зоран Костадиновски – гитара, Кирил Туфекчиевски – контрабас, Виктор Филиповски – тапани.

Даган е победник на натпреварот за текстописци и композитори „The Great American Song Contest“. Тој настапува со многубројни северно американски ансамбли изведувајќи џез класици и авторски композиции.

Концертот е во продукција на „Канадскиот Музички Центар“ при Полифониа и „Davorius Productions“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.