Ексклузивниот концертен спектакл со светски познатиот виолинист и миленикот на многу генерации, Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“! Овој извонреден музички настан ќе се одржи на 20 септември 2024 година во величествената голема сала на Македонската филхармонија.

Стефан Миленковиќ има долга и успешна кариера како солист и виртуозен виолинист. Неговите настапи ги красат сцените на најпрестижните концертни сали низ светот, а неговата изведба е позната по својата длабочина, прецизност и неверојатна техничка подготвеност. Во својата кариера, тој е добитник на бројни награди и признанија, а во Србија ги носи титулите за Уметник на векот, Најхумана личност, Личност на годината и е еден од најпознатите уметници кој гради кариера на сцените во светот.

Со својата кариера започнал на само шест години, одржувајќи повеќе од 1,000 концерти пред да наполни 16 години. Неговата виртуозност и длабочина на изведбата го направија еден од најпочитуваните виолинисти на својата генерација. На само 10 години настапува пред претседателот на САД Роналд Реган на Божиќниот концерт во Белата куќа, следната година свири за Михаил Горбачов во Белград, а на 14 години настапува пред папата Јован Павле II. На 16 години го свири својот 1000 концерт во Монтереј, Мексико, а на 17 годишна возраст веќе има победено на голем број натпревари за млади виолинисти.

Програма:

П. И. Чајковски – Серенада за гудачи
Н. Паганини – La Campanella
К. Сен-Санс – Rondo Capriccioso
Ж. Масне – Таис медитација
А. Бацини – Игра на џуџињата (La Ronde des Lutins)
П. Сарасате – Кармен фантазија

Стефан Миленковиќ, познат по својата извонредна техничка умешност и емоционална интерпретација, заедно со „Профундис“, ќе претстави возбудлива програма која ќе ја воодушеви публиката со својата убавина и динамичност. Не пропуштајте ја оваа уникатна можност за уживање во музичка вечер која ќе ве остави без здив!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.