„Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје вечерва во 20 часот на сцената на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- Велес го отвора второто издание на фестивалот „5ре“.

Премиерата на „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски се изведе во саботата и беше поздравена со овации и повеќеминутен аплауз од публиката во Драмски театар. Текстот е на францускиот автор Жан Пуаре. Режисерот Николовски заедно со Благоја Бошковски Буцко се сценографи на претставата. Костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореограф на претставата е Кренаре Невзати – Кери. Преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски Буцко. Адапатацијата и изборот на музиката се на Александра Бошковска и Благоја Бошковски Буцко.

Улогите во „Кафез кај кокони“ ги толкуваат актерите: Жорж – Филип Трајковиќ, Албен – Александар Степанулески, Жакоб – Стефан Вујисиќ, Табаро – Предраг Павловски, Мерцедес – Димитрија Доксевски, Зорба – Маја Вељковиќ Пановска, Лоран – Дамјан Цветановски, Камиј – Соња Стамболџиоска, Едуар – Златко Митрески, Мјуриел – Нела Павловска, Симон – Емилија Мицевска и во улогата на Саломе – Бранко Атанасов. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер е Жаклина Цветковска.

„Кафез кај кокони“ утре на 16 мај во 20 часот игра на матичната сцената на Драмски театар Скопје. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.