Во НУ Кинотека на Македонија во Скопје денеска ќе се одржи јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура, информираат од ресорното Министерство.

Предлог-законот за култура го изготвија Министерството за култура, експерти од областа на културата, на културните политики и на менаџментот, претставници од независната културна сцена, претставници од организаторите на настани (ивент-индустријата), претставници од двата репрезентативни синдикати во културата – СОНК и СКРМ и вработени во установите од областа на културата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.