Ве покануваме на јавниот театарски настан – Overview effect! – Драмски читања на текстовите кои се создадени како резултат на работилницата за драмско пишување под менторство на извонредните италијански драмски уметници и ментори Валтер Прете (драмски автор, актер) и Густаво Далесио (режисер, актер), одржана во Скопје во периодот од 2 јуни до 6 јуни 2023 г. Организатори на настанот се Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА. Настанот ќе се одржи во просториите на КСП ЈАДРО – Скопје, со почеток во 13.00ч, велат од КСП Центар Јадро.
Работилницата Overview effect! е дел од регионалниот проект The East Side of Stage инициран од продуцентот Франко Унгаро и Accademia Mediterranea dell’Attore di Lecce, во партнерство со неколку театарски организации на Балканот, меѓу кои и Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Италија. Во рамките на овој проект, домашните уметници Дејан Дуковски, Искра Шукарова и Иванка Апостолова Баскар ќе одржат стручни менторски работилница со фокус на драмско пишување (Дејан), кореографска (Искра) и визуелна драматургија (Иванка), во месец јуни во Трикасе и Лече, Италија. Во Скопје, италијанските уметници Валтер Прете и Густаво Алесио ја одржаа својата драмска работилница со фокус инспирација, мотивирана од климатските промени. На работилницата учествуваат реномирани македонски драмски автори, писатели, поети од помладата и средната генерација, во соработка со талентирани студенти по драматургија и режија, од ФДУ Скопје и Прима Универзитетот од Скопје.
Овој проект има за цел да ги поврзе и афирмира балканските и италијанските театарски, сценски, драмски, книжевни уметници меѓусебе, преку соработки и размена на знаење и искуства во Италија, Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија.
Проектот ги применува методологиите на драмскиот и танцовиот театар, на еколошката тема за климатските промени, тестирајќи ја драмската имагинација и луцидноста на уметниците, во овој еколошко активистички контекст.
ПРОГРАМА
13.00ч – ЈАВЕН НАСТАП: Overview effect! – Драмски читања (резултати од работилницата за драмско пишување)
Драмски автори – читаат: Ева Камчевска, Стефан Марковски, Весна Куслеска, Емилија Матаничикова-Добковска, Маја Дреца-Ристески, Валентина Ѓоргиевска, Тања Кузмановска, Христијан Крстевски, Оливија Трајковска, Милица Костова Ристова.
Ментори: Валтер Прете и Густаво Далесио.
Проект: 𝔸 𝔼𝕊𝕋 𝔻𝔼𝕃 ℙ𝔸𝕃ℂ𝕆𝕊ℂ𝔼ℕ𝕀ℂ𝕆 / The East Side of Stage
Покровители: Министерство за култура на Италија
Организатори/партнери: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА
Партнери: AMA – Accademia Mediterranea dell’Attore di Lecce, Italy (Franco Ungaro – Leading Coordinator); MITTELFEST ASSOCIATION (Italy); MALTE (Music, art, literature, theatre, etc.); A.Lib.I. artisti liberi indipendenti; A.T.K. ALBANIAN THEATRE ASSOCIATION; MACEDONIAN CENTER ITI/PRODUKCIJA; NGO ATACA lternative Theatre Active Company; ARTISTIC UTOPIA; QUENDRA MULTIMEDIA.
Локација: КСП ЈАДРО – Скопје / Линк. https://www.facebook.com/centarjadro/about
Благодарност до Јасмина Билаловиќ и тимот на ЈАДРО (Марија, Ѓорѓе, Ѓоле); Пандора Апостолова, Весна А. Бришкоска; Франко Унгаро, Искра Шукарова, Дејан Дуковски.
Скопје 2023
ТИМ
Иванка Апостолова Баскар – продуцент
Михаило Апостолов – видео, фотографска документација и техничка координација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.