Театарот „Сенки и облаци“ за утре (12 мај) најавува две изведби на една од нивните најпретпознатливи претстави – „Малиот принц“.

Првата изведба е од 19 часот, а потоа има уште една од 20 часот.

„Колку ли планети постојат околу нас? На кои од нив стапнал Малиот Принц? Кого ли уште не сретнал и што ли уште сака да види? Очите се слепи, треба да се бара со срцето…“, стои во најавата за изложбата.

Претставата е на македонски јазик, трае 40 минути и е наменета за + 6 годишна возраст.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.