Во чест на првиот роденден на Europe House Veles и учеството во кампањата Water Wise EU, вечерва во 20:00 часот во Europe House Veles ќе биде отворена изложбата „Вардар низ времето“.

Оваа изложба има за цел да ја прикаже убавината на реката Вардар низ годините, но и да ја подигне свеста за важноста на зачувување на нашите водни ресурси.

Инспирирани од неколку фотки, да разговараме и откриеме како можеме заеднички да работиме за да го трансформираме начинот на кој се управува, користи и вреднува водата. Дојдете да погледнете клучни моменти низ времето кои поставуваат прашања и поттикнуваат разговори за тоа како можеме да го видиме Вардар почисто и како можеме да го заштитиме за идните генерации, порачуваат од Europe House Veles.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.