На 26 февруари 2024 година во 13:00 часот во Europe House Битола, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, ќе биде отворена изложбата „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“.

Посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за погрешните информации на интернет и улогата на корисниците во нивното ширење. Изложбата вклучува и упатство за детоксикација од податоци, со совети за одговорна употреба на технологијата.

 

По отворањето во 2020 година, изложбата е поставена во 19 земји низ Европа на различни локации, како библиотеки, училишта, излози на продавници, железнички станици, и е достапна на повеќе од петнаесет јазици. Досега, поставката ја посетиле над 30.000 посетители ширум Европа и неколку стотини илјади онлајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.