Rib or All Parts Matter of Fact
Изложба на Аница Бебиќ и Тома Димовски
2 април (вторник) | 12.00 часот
Изложбата „Rib or All Parts Matter of Fact“ на Аница Бебиќ и Тома Димовски се фокусира на жената, нејзиното тело и неговата улога во општеството. Историски гледано, жената отсекогаш била ставена на маргините на општеството. На современата жена не ѝ е едноставно да ги спои заедно професијата, улогата на сопруга, мајка и граѓанка. Затоа преку различни уметнички изрази, изложбата сака да ги прикаже жените како моќни и значајни делови на општеството. Овој мултимедијален настан се обидува да обедини повеќе теми како рамнотежата меѓу различните улоги на современата жена, историскиот контекст на нејзината улога во општеството, како и значењето на индивидуалната автентичност и самосвеста.
Учесници: Ана Денковска и Филип Трајаноски
Музика: Оливер Јосифовски
Звук: Нора Стојановиќ и Пеѓа Радојевиќ
Благодарност до Националниот сојуз на лица со телесна
попреченост „Мобилност Македонија“
Тома Димовски е роден во 1968 година во Скопје. Дипломирал етнологија на Природно-математичкиот факултет, а во 2019 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности, отсек – сликарство со сценографија во класата на проф. Антони Мазневски и сценографија кај Ибрахим Беди. Во 2023 година брани својот магистерски труд, под менторство на професорот Антони Мазневски, со наслов „Љубовта на 21 Век“. Слика од својата 13 година. По завршувањето на студиите од етнологија во 1993 година започнува да изложува дела на самостојни и групни изложби. По 2000 година прави неколку инсталации, а од 2008 се интересира и за звучна скулптура. Учествува на повеќе ликовни колонии во Македонија и Србија. Покрај активностите поврзани со ликовната уметност и етнологијата, од 2000 година наваму, во соработка со повеќе здруженија на граѓани работи со лица со инвалидност.
Аница Бебиќ дипломирала на специјалистичките студии на Факултетот за Аудиовизуелни уметности Париз-Скопје-Њујорк. Аница Бебиќ работи како актерка, истажувачка, писателка и организаторка на интердисциплинарни театарски работилници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.