Изложбата насловена „Ретроспектива“ која беше отворена на Илинден, во Центарот за култура во Струга, ликовниот уметник Даме Затуровски пред публиката се претстави со седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники.
Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната Струга.
Даме Затуровски е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1993 година. Дипломиран правник. Зад себе има преку 11 самостојни изложби. Учесник е на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и надвор. Познат е и по изработката на макети на стари бродови и верски објекти, чии фотографии исто така ќе бидат изложени.
Изложбата е поставена во фоајето на Центарот за култура, а за посета предвидени попладневни термини од 19.00 часот во текот на неделава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.