Во петок, на 26-ти април во 20 часот во Музејот на современата уметност Скопје, Велимир Жерновски ќе се претстави со проектот „Confutatis – од што се направени хероите?“
Проектот е реализиран како завршен настан во рамки на манифестацијата Европско номадско биенале – Манифеста 14 (28.10.2022.)
Во рамки на едновечерниот настан ќе биде промовирана печатена публикација со воведен текст „За соработката и оплакувањето со Велимир Жерновски“, конципиран од теоретичарката на уметноста – д-р Кетрин Николс, кураторка на Манифеста 14 и Хамбургер Банхов – Национална галерија на современата уметност, Берлин. Николс има поставено и бројни монографски и тематски уметнички изложби, вклучувајќи ги: Beuys: We are the Revolution, The End of the 20th Century: The Best Is Yet to Come и Capital: Debt – Territory – Utopia, Everyone is an Artist: Cosmopolitical Exercises with Joseph Beuys и многу други.
Публикацијата содржи теоретски контрапункт на ликовниот проект: „Confutatis – од што се направени хероите?“, конципиран од д-р Натали Рајчиновска-Павлеска, кураторка на проектот, критичарка и ликовна теоретичарка.
Поради спецификите и единственоста на изведбата, проектот ќе биде претставен преку документарен видео материјал од изведбата на едновечерниот перформанс.
Соработници се Колектив Ветерница, Скопје & Трисомија 21, Скопје, а изведувачи се Велимир Жерновски, Маша Блажевска, Кристина Петровска, Ена Ковачевска, Нана Танеска, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Ана Јовановска, Матеј Аларов, Ена Митревска, Марио Мицковски, Стефан Трпковски, Елизабета Петковска, Илина Георгиева, Коста Цветковски, Филип Ангеловски, Оливер Блажевски, Ивана Неделковска, Милош Стојановиќ, Марија Бејкова, Билјана Митева, Билјана Димитрова.
Музички соработници: Филип Митров, Јоана Ристеска, додека пак сценски режисер е Стојан Павлески. Фотографиите од перформансот се на Јелена Белиќ
Публикацијата е издадена од Здружение на граѓани – Контрапункт и е дел од платформата КРИК – фестивал за критичка култура.
Проектот е реализиран со поддршка од: Манифеста 14, Приштина, 2022 и Министерство за Култура на Република Македонија
Публикацијата е објавена во рамки на проектот Re-Imagine Europe – New Perspectives for Action, а проектот е поддржан од програмата на Креативна Европа на Европската Комисија
Влезот во МСУ е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.