По повод јубилејот од 120 години од раѓањето на академикот и ликовен уметник Никола Мартиновски во Крушево ќе биде отворена изложба на која ќе бидат претставени дела инспирирани од уметничкиот стил на Мартиноски, создадени со дигитални алатки.
На изложбата ќе се претстават осум млади дизајнери кои биле приклучени во дигиталната ликовна колонија.
На 15 август во Крушевската чаршија, а на 18 август во Галерија „Никола Мартиноски“, во организација на Europe House Skopje, посетителите ќе имаат можност да ги видат делата изработени под менторство на Зоран Кардула.
„Во Крушево, оваа година се одбележува 120 години од раѓањето на Никола Мартиновски, се навршуваат 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на Галеријата Мартиноски“, посочуваат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.