Амбасадата на Кралството Шпанија во соработка со НУ Завод и Музеј, а по повод 140 години од раѓањето и 50 години од смртта на Пабло Пикасо, вечер во Битола ќе отворат изложба „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски.
На изложбата „Пикасо можеби јас“ во битолскиот Музеј ќе бидат претставени 10 скулптури изработени во керамика, инспирирани од делата на Пабло Пикасо, како и репродукции на оригиналните дела на Пикасо, од каде авторот Фидановски црпи инспирација за неговите дела.
Пикасо, основач на кубизмот, е непресушна инспирација и предизвик за многу светски познати уметници вклучувајќи го и македонскиот уметник Филип Фидановски чии дела во наредните денови ќе бидат достапни и за културната јавност во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.