Галеријата  „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“  ќе ја отвори изложбата „Патина на љубовта“ на Синиша Новески, во четврток 15 февруари 2024 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до 6 март 2024.

За изложбата д-р Коста Милков вели, „Скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата „Патина на љубовта“ зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта како главен двигател. Соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и „исчитувајќи“ го поттекстот на творештвото на Новески може да се заклучи дека тој го разбира животот како „патина на љубовта“, а неговиот уметнички израз е посветен на „претставување“ и толкување на оваа најголемо животно „таинство“.“

 
На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков, директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова и авторот на делата Синиша Новески.

Ќе ни биде особена чест доколку на Вашиот медиум го најавите или пак го проследите овој настан.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.