Во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Драган Гелев, со наслов „Носталгија” на 18 септември во 20 часот.

Драган Гелев e роден 1984 година во Штип. Со сликање се занимава од најраните училишни денови и продолжува до ден денес да ја негува сликарската уметност. Автор е на повеќе од 200 авторски дела работени во различни техники. Неговата уметност припаѓа на модерниот експресионизам ,апстрактната уметност и акционото сликарство.

Досега неговите дела се изложувани на групни изложби во Базел и Цирих Швајцарија каде што живее и твори. Во месец Септември 2021 година од страна на весникот Nau.ch бил прогласен за уметник на месецот.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 31 септември 2023 година и истата е од има хуманитарен карактер. Сите средства од продадените дела ќе бидат донирани на фондацијата „Д-р Симеон Василев”.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.