Во Детскиот културен центар „Карпош“ денеска ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки со тема „Цртам за мојата мајка“, изработени од деца од детските градинки од Градот Скопје.

– Изложбата се одржува по повод 8 март – Денот на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“. На наша покана до сите градинки, пристигнуваат ликовни творби што ги изработуваат децата од кои може да се види колку далеку одат детските чувства, креативност и фантазија и како тие си ја замислуваат својата мајка – жената и која е нејзината улога во нивниот живот. За децата од градинките е организирана пригодна програма, претставување на дипломиран полициски службеник, вработена во СВР Скопје, која ќе им раскаже за нејзината работа како полицаец, односно ќе им раскаже дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи, се наведува во соопштението на Детскиот културен центар„Карпош“.

 

Изложбата ќе биде отворена во просториите на Центарот во 10 часот. бд/ев/

Фото: Детски културен центар „Карпош“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.