Галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ со особена чест и радост Ве поканува на отворањето на изложбата „Дрвото на животот“ на академскиот сликар Панче Ѓорѓиев во четврток 25 април 2024 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до крајот на мај 2024.
За изложбата д-р Коста Милков вели, „Од самите наслови на сликите и сценскиот приказ, јасно е дека Ѓорѓиев е одлично запознаен со библиската содржина. Самите слики сведочат дека познавањето не е само интелектуално, туку и интимно. Сликарот продрел во содржината, но и содржината продрела во него. Не само што креативно-интерпретативните изрази на уметникот ја формираат композицијата на секоја слика, туку и обратно. Избраната библиска приказна или сцена интуитивно го формирала уметникот. Низ сликите, тој ја раскажува приказната за тоа како Бог станува еден од нас и со тоа го остварува колективниот сон на луѓето велејќи им, „Богови сте“ (Псалм 82:6; Јован 10:34).
На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова.
Панче Ѓорѓиев завршил педагошка академија во класата на Проф. Ристо Калчевски и Данчо Ордев. Учествувал во повеќе групни изложби во Македонија и во странство, а реализирал и 12 самостојни изложби. Неговите дела се наоѓаат во повеќе приватни колекции во земјава и во странство. Работи како професор по ликовно образование во ООУ „Маршал Тито“ Муртино и ООУ „Борис Трајковски“ Моноспитово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.