Денес во фоајето на Центарот за култура во Куманово, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата на дела на истакнатиот македонски уметник Владимир Георгиевски.

Владимир Георгиевски (Скопје, 1 јуни 1942 – Скопје, 25 мај 2017) — македонски сликар. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Георгиевски создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.

Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.

Самостојни излагања имал во: Скопје, Софија, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Белград и Санкт Петербург.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.