Во четврток, на 21 ноември од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе се одржи изложба на македонски рок артефакти и промоција на три енциклопедиски дела на најголемиот хроничар на македонската рок музика Тошо Филиповски: “Промоција на книгите: Македонска Дискографија-Винили 1958-2019, Македонски Рок Времеплов и Мизар-Откровенија 1981-2021” и “Мала ретроспективно – патувачка изложба – 6 децении македонска рок-музика, 1963-2023”.

Оваа изложба/промоција доаѓа по големата изложба која Тошо Филиповски ја приреди во Музејот на рокенролот во Сараево, Босна и Херцеговина и успешната турнеја низ САД каде ја промовираше македонската рок музика.

Од Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ги најавуваат и следните настани –  „Недела на театарот“, а во неа претставите: вторник, 19 ноември 2024, 19 часот – „Спанаќ со пржени компири (Каша и кубаси)“ на Театар при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, сабота, 23 ноември, 19.30 часот – “Болва во уво“ на Театар при Центар за култура Ковин, Србија, понеделник, 25 ноември 2024, 19 часот – “Кавадаречки пастуви“ на Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.

В петок, на 22 ноември од 19 часот ќе се отвори самостојна изложба на познатиот уметник од Косово – Хајруш Фазлиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.