Триесетгодишнина од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Република Македонија ќе биде одбележана вечер (19 часот) со свеченост во Археолошкиот музеј во Скопје.

Најавени се обраќања на амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и државниот секретар од Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по што директорката на музејот, Славица Бабамова, ќе ја отвори изложбата на јапонски кукли „Нингјо“ поддржана од Јапонската фондација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.