Изложбата со наслов „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе се отвори на 31 октомври во Галерија „Ко-Ра“, Дом на култура „Кочо Рацин”, Скопје со почеток во 20 часот.

Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура.

На изложбата ќе учествуваат со дела авторите: Нела Јанковска, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Анѓел Димовски Чауш, Христијан Качаревски, Маја Кировска, Перо Кованцалиев, Доротеј Нешовски, Синиша Новески, Славчо Павловски, Татјана Ристовска, Ана Димчевска Семенпеева и Гоце Стоилковски.

Секоја година семејството Митриќески доделува награда за најдобра скулптура, која што ќе биде соопштена на отворањето на изложбата.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам.

Изложбата ќе биде отворена за посета до 11.11.2024 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.