На 15 декември (петок) во 2о часот, во НУ Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде отворена изложбата „Милка Ефтимова” на која ексклузивно ќе бидат промовирани дел од личните предмети на примадоната кои се нејзина донација .

Милка Ефтимова како оперски и концертен уметник, алт и мецосопран певица, е доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.

Автор на изложбата е Василија Чали – соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Изложбата во фоајето на Музејот на Македонската борба за самостојност ќе ја отворат директорката на Музејот, м-р Даниела Николова и д-р Александар Трајковски. Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари, 2024.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.