Музејот на македонската борба за одбележување на празникот 11 Октомври ќе организира изложба со наслов „Жената борец за слобода и македонска држава”. Изложба за македонските хероини, истакнати жени за време на Народноослободителната борба.
Вера Циривири Трена, Вера Јоциќ, Ибе Паликуќа, Естреја Хаум Овадија, Елида Караманди, Невена Георгиева Дуња се само дел од многуте жени кои се вклучиле во револуционерната борба за слободна Македонија.
Овие наши хероини со различна вера и народност преку борбата за слобода се бореа и за афирмација, слободно делување , одлучување и целосна еманципација.
Женските приказни се дел од континуираниот музејски опус во чиј фокус е родовата еднаквост и кој говори за истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите, велат од Музејот.
Проектот „Неколку нијанси женски приказни” ги величи и отсликува жените и нивни успеси во Македонија од 19 и 20 век, па сè до денес.
Жени кои пионерски делувале и продреле во македонското општество дури и во оние моменти кога нивниот живот зависел од нивните одлуки, а нивните одлуки значеле Живот! и го запечатиле нивниот.
Овој проект визуелизира жени кои биле дел од создавањето на нашата историја и создале приказни, додаваат од Музејот.
Од кратките видеа посветени на жените во минатото, го издвојуваме видеото посветено на хероината Оливера Вера Јоциќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.