Галеријата „Метаноја“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура и Асоцијација за култура „Икон“ го најавува отворањето на изложбата „Радост за цел свет“ во четврток,  осми декември од 12 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

„Изложбата ‘Радост за цел свет’ во изложбениот простор на Метаноја е поставена по повод Божиќ, најголемиот христијански празник, раѓањето на Исус Христос. Од изложбата зрачи творечкиот дух, добрата волја и пулсирачка енергија на уметничкото братство кое ги почитува христијанските вредности. … Со свои творби се застапени следниве уметници: Томо Шијак, Томе Мишев, Доне Милјановски, Ставре Димитров – Стадим, Данчо Ордев, Страхил Петровски, Гоце Божурски, Јован Шумковски, Симонида Филипова Китановска, Вук Митевски, Мирослава Микица Трујкановиќ, Нове Франговски, Душан Перчинков, Димитар Кочевски, Павле Кузманоски, Петар Попчев, Илија Спасовски – Чендо и Владимир Георгиевски. Тоа се познати македонски сликари од различни генерации, пишува Климе Коробар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.