Самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности, ќе биде отворена вечерва во Македонската академија на науките и уметностите.
Во рамки на изложбата ќе бидат изложени скулптури од неколку циклуси. Публиката ќе има можност да погледне постари дела кои претходно не биле изложувани во земјава, вклучително скулптури изложувани во Њујорк, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Мексико, како и сосема нови дела чиешто премиерно изложување ќе биде токму во МАНУ.
Изложбата ќе вброи скулптури изработени во мермер, полиестер и силикон.
Како куратор зад изложбата се потпишува Натали Рајчиновска Павлеска. Изложбата ќе биде отворена со текст на академик Венко Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.