На 14 јуни (вторник) со почеток во 20 часот во Галеријата 2 на МКЦ се отвора изложбата на слики со наслов „Долина на радоста” на Анита Огњановска.
„Долина на радоста” е шестата нејзина самостојна изложба на која се претставува со дваесетина апстрактни дела изработени во техниката масло на платно и акрил на платно. На изложбата ќе бидат презентирани дела од различни циклуси создадени во периодот 2020-2022 година, кои за прв пат се изложени во јавноста.
Ова е моето место на радост, спокојство и хармонија, но во исто време е свет каде што сѐ е можно, и сонце и дожд, виножито, но и прошетка по облаците… тоа е мојот свет на соништа и е во сите бои. Со целата енергија и порив, без никакви ограничувања, се трудам да сонувам гласно, вели Огњановска.
Изложбата ќе остане во изложбениот салон Галерија 2 во МКЦ-Скопје до 25 јуни 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.