Осмото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе се отвори на 29 јуни (20 ч), во галеријата на КИЦ, со изложба српскиот рок фотограф Немања Ѓорѓевиќ.

Изложбата е насловена “They Long for the Light of Your Touch“ и е комплетно посветена на годинешниот лауреат на фестивалот, Ник Кејв, кој ќе добие признание за животно дело.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека, Културно-информативниот центар, Здружението на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението „Номад-арт“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.