Изложба на студентски проекти насловена „Архитектурата на новата реалност“ е отворена од вчера во галерија КО-РА во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

На изложбата се претставени бројни дипломски и магистерски проекти на студентите и постдипломците- магистранти од Факултетот за архитектура на МИТ Универзитетот од Скопје.

Изложбата ја прогласи за отворена деканот на Факултетот за архитектура проф д-р Ванѓел Дуновски, а беа доделени благодарници и награди за најдобрите остварувања.

Мнозинството од овие проекти сугерираат иновативни и инвентивни визии за имплементирање и облагоридување со зелените површини,во урбаните сегменти, но понудуваат и аква паркови,проектанстки решенија за фарми, винарии, културни центри, трговски центри, мултифункционални центри за повеќе општини во градот но и пошироко, рече на отворањето на изложбата Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајни и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“-Скопје.

Имаме можност, укажа таа, да се фокусираме и ангажираме околу афирмацијата на големите ресурси поврзани со биотехнолошките процеси, геотермалните извори кои се вистинско богатство за Македонија која располага со особени недоразоткриени потенцијали и ресурси кои сугерираат еден вистински подем и исчекор. Архитектурата на ова наше и многу скоро идно време бара се повеќе интердисциплинарни ангажмани на бројни стручни тимови од повеќе области, порача Калиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.