Тимот на здружението „Култура Бета“ и издавачката куќа „ПНВ Публикации“ соопштија дека се изберени младите поети кои ќе читаат на настанот „Скопје СИ ТИ“, по претходно распишаниот конкурс за песни на тема урбана поезија. Настанот ќе се одржи на 24 март во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Скопје Сити Мол.
На „Скопје СИ ТИ“ ќе читаат Јулија Ангелова, Андреј Анѓеловиќ, Виктор Бучковски, Иво Донев, Марко Иван Кочишки, Нино Наумовски, Дарио Постоловски, Теодора Прокоповска, Михаела Стефановска, Методија Тасевски, Крсте Трифунов и Розе Ускоска.
-Станува збор за настан што ги поддржува младите поети почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да се претстават со поетско читање, во рамки на проектот „Денови на поезијата“, што ќе се одржи од 21 до 24 март, во организација на Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура Бета“, и ќе се состои од низа настани за промоција на поезијата, соопштија од „ПНВ Публикации“.
Од издавачката куќа потенцираат дека програмата во целост ќе биде објавена наскоро. бт/нд/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.