Кумановскиот театар сè уште се реконструира и според најавите на надлежните, првата фаза од реконструкцијата треба да заврши до мај-јуни, информираа од НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Во првата фаза опфатена е реконструкција на целата внатрешност на објектот и надворешната фасада. Градежните активности опфаќаат санација и преадаптација на темелите, гледалиштето, сцената, опфаќајќи ги канцелариите, помошните простории, кабините за тон, светло.
Чекаме да се одобрат средства за втора фаза. Има најави од Министерство за култура дека ќе бидат одобрени од 15 до 20 милиони денари за реконструкција на втора фаза. Целиот проект е предвиден да се реконструира за четири години, доколку сè оди по план, така што би требало да заврши во редовниот период, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.
Што се однесува до објектот на Центарот за култура, менаџерскиот тим врши подготовки за дополна на проектот за гасификација. Греењето на објектот е проблем кој се провлекува со децении.
Беа инженери, скенираа го детектираа проблемот, сега сме во консултација со нив да ни дадат пресметка, спецификација колку тоа ќе чини за да го истуркаме и тој проект. Тоа е комплициран и голем проблем меѓутоа се надеваме и очекуваме дека ќе изнајдеме решение и за тоа. Финансиски е скап проект, но сигурни сме доколку го имаме комплетирано проектот ќе се обезбедат средствата да се заврши, изјави Тодоровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.