Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска со почеток во 12 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Овој ден ќе биде одбележан и на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот каде што ќе биде одржан „Македонистички час“.
Поздравни обраќања на настанот во Институтот за македонски јазик ќе имаат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и директорката на Институтот, професор д-р Елена Јованова-Грујовска и професор д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот.
По завршувањето на настанот е предвидена и посета на спомен-собата на Мисирков.
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, исто така, организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.