Во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска во амфитеатарот на Институтот, ќе се одржи манифестација по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Чествувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик го поврзуваме со јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и поголемиот дел од програмата на манифестацијата им го посветуваме на учениците од општинските основни училишта на територијата на Град Скопје што го носат името на овој голем македонски револуционер, велат од Институтот.

На манифестацијата најавено е обраќање на министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на државниот секретар во Министерството за образование и наука  Анета Трпевска, а излагање на тема „Мајчиниот јазик, патоказ кон спознавањето“ ќе одржи проф. д-р Весна Костовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.