Во издание на Институтот „Инаку” – Скопје, излегоа од печат четири нови хаику книги: „Хаику миг” – хаику песни од 38 автори, „Мајчински муабети под праската” од Даниела Ефтимова, „Бисерно клопче” од Оливера Јовановска и „Миа” од Марија Челебиева. Четирите книги се библиофилски изданија во 111 примероци.

Во книгата „Хаику миг” се објавени хаику песни од: Емилија Матаничкова, Славица Урумова – Марковска, Оливера Јовановска, Даниела Ефтимова, Лидија Размоска – Тримовска, Емилија Тодорова, Ванѓа Н. Радевска, Гордана Каракашевска, Силвана Димитриевска, Тони Павлески, Наталија Наумовска, Славица Милева, Александар Прокопиев, Христо Петрески, Владимир Мартиновски, Никола Маџиров, Нове Богојески, Марина Мијаковска, Маја Мојсова, Атанас Крлевски, Ѓорѓи Димитровски, Слаѓана Брезовска, Биљана Ѓоргиева Зринк, Фросина Тасевска, Ристо Филчевски, Ивона Даноска, Македонка Божиновска, Марија Челебиева, Сабахета Ета Мерсими, Наде Поп-Гаврилова, Дана Тембелеска, Лилјана Средојевиќ, Вера Искова, Лилјана Стоилковска, Тања Кузманоска, Никола Д. Сарајлија – Македонски, Оливера Станковска и Марина Василевска Стојановска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.