Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи настан на кој организаторот, Japan@mk ќе претстави дел од јапонската култура и естетика во Македонија.

Продолжуваме со промоција на јапонска култура во Македонија и овој настан ќе го искористиме да го испратиме нашиот драг помагач и донатор Такеши Мацунага. Тој пред да се врати во земјата на изгрејсонцето, ќе ни презентира уште една специфична традиционална јапонска церемонија, овој пат на мириси, наречена Кодо, вели организаторот.

Планирано е да се чита хаику поезија од Николина Андова Шопова, Владимир Мартиновски и
Искра Донева. Присутните може да се запознаат со кинцуги колекцијата на Надица Атанасова, Мила Симовска ќе презентира како се прави модуларен оригами модел.
Бендот„Rolling Ethnos“ при институтот за етнологија и антропологија на ПМФ ќе имаат специјална акустична изведба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.