Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одигра инклузивната театарска претстава „Ѕуница“.

Децата од дневниот центар и нивните другарчиња, инспирирани од сликовницата ‘Ѕуница’, по втор пат спремија инклузивна претстава за вас“, велат од „Доза среќа“.

Сликовницата „Ѕуница“ беше направена од Бранислав Николов и Иванка НиБа, а во издание на издавачка куќа „Светулка“.

Во оваа приказна во авантура ве носат Бојана, Мендо, Зајче и Птичка кои сложно ќе одиграат една братска слога. Авторот беспрекорно отсликува четири профили на ликови кои се различни, но секој вреден на свој начин. Така е и со децата. За една група или заедница да остане сложна потребен ни е некој мудар како Бојана, силен како Мендо кој ќе нѐ износи на рамена, досетлив како Зајче и гласен како Птичка. Она што човек не може да го направи сам, во слога со пријателите ќе успее, па заедно со нив ќе може да помести дури и планина“, стои во најавата за претставата.

Организаторите велат дека „Ѕуница“ за првпат беше промовирана на Саемот на книга 2023 година, учествуваше со промоција и работилница на фестивалот „Млади европски приказни, млади креативци“, учествуваше на фестивалот „Литера“, Промоција во Гевгелија, Битола и во Охрид.

Децата од сите градови веќе си имаат своја омилена строфа и илустрација, па направија ремек дела на работилниците кои беа организирани во склоп на пронмоциите. Сликовницата е достапна во најголеите книжарници кај нас но и онлајн на фб страната на Едиција ‘Светулка’“, стои во најавата.

Претставата е во режија на Роберт Ристов, сценографијата е на Сара Синани, додека како драматург се јавува Дарко Спасов.

Актери: Калина Груиќ, Арабела Тудиќ, Магдалена Стојкоска, Ангела Делевска, Калина Чанговска, Анамарија Здравеска

Актери Доза среќа: Никола, Христијан, Дарко, Коста, Денис, Рабије, Ава, Кан, Кристијан, Орхан, Ариел, Софи…

Резервација на карти на тел: 070/884-199. Влезот е со симболична цена од 100 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.