Иницијативата Сите за МКЦ денес (7 април, недела) од 14 часот организира маалска дружба пред Младинскиот културен центар (МКЦ).

„За домашно имате две задачи: да понесете една или повеќе книги кои сте ги прочитале и од кои сте спремни да се збогувате и да се спремите да ни го раскажете вашиот омилен спомен од МКЦ Ако се чувствувате особено носталгични, можете да си понесете реквизити за да играме маалски игри заедно (ластик, фудбалски топки, карти, шах…) Се додека сме тука, МКЦ нема да умре! Да го задржиме духот на заедништво и да се подружиме пред нашиот драг културен центар! Да им покажеме што било, е и ќе остане наше!“, се вели во најавата.

Ова е втор собир/дружба пред МКЦ откако новиот директор Бени Шаќири тврдеше дека ангажманот на хонорарците мора да биде прекинат до крај на изборите, додека вработените и Синдикатот за култура аргументираа поинаку – забраната за изборите не важи ако хонорарците се исплаќаат од сопствен приход, како во случајот со МКЦ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.