Издавачката куќа „Илика“ денеска ја отвора кафе-книжарница Илика.

Од 11 до 19 часот, пробајте го нашето кафе и купете си некоја нова книга, а ние ќе ве почестиме со вкусни домашни колачиња и домашно вино. Низ разговор ќе ви раскажеме нешто повеќе за изборот на книги кој го направивме во склоп на темата за месец февруари „АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ“. Дојдете да летаме заедно и заеднички да создадеме нов простор за книжевни средби, разговори и откритија.

Кафе-книжарницата Илика е наша нова тајна оаза во срцето на Скопје каде што ќе можете (барем накратко) да избегате од гратската бучава, да го пролистате дневниот весник пиејќи кафе или чај и да уживате во одбрани книги од помалите македонски издавачки куќи. Покрај изданијата на издавачката куќа Илика, тука ќе може да најдете одбрани изданија на издавачките куќи Или-Или, Темплум, Полица, Антолог, Бегемот, Сигмапрес, Бункер, ПНВ Публикации, Сказнувалка, Артконект и Слово, се вели во објавата од организаторите на овој настан.

фото: Фејсбук



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.