По повод  Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април ИКОМОС Македонија денеска организира дебата на тема „Климатските промени и културното наследство“.

Овогодинешната тема на ИКОМОС, за одбележување на овој значаен ден е „Наследството и климата“. Изборот на оваа тема претставува можност да се прикажат стратегии за промовирање на целосниот потенцијал на истражувањата и практиките за зачувување на наследството со цел изнаоѓање соодветни начини на нивно спроведување, а во насока на зајакнување на одржливиот развој, истовремено залагајќи се за праведни транзиции кон емисии со низок јаглерод, велат од ИКОМОС.

Избраната тема „Наследството и климата“, според организаторите, нуди можност да се одговори на прашањата: како да се користи климатската правда и правичноста при заштита на наследството и начините на кои можеме да постигнеме правична заштита на ранливите заедници преку климатска акција.

Преку презентации на студии на случај, со свои излагања ќе учествуваат членките на ИКОМОС Македонија Ангелина Поповска од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и Сузана Касовска Георгиевска од Институтот за животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.