Игор Иванов – Изи е реизбран на местото претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) соопштија од Друштвото.
На вчерашното редовно изборно Собрание по четиригодишниот мандат како претседател на ДФРМ со големо мнозинство гласови беше реизбран Иванов – Изи.
Тој ќе го предводи ДФРМ во наредните четири години. Во овој мандат, фокусот ќе биде ставен на зголемувањето на националниот буџет за филм и други аудиовизуелни дела, донесување на нов закон за филмска дејност и конечно решавање на статусот на филмските работници, соопштија од ДФРМ.
На истото Собрание биле усвоени и извештаите на: Симеон Мони Дамевски за ИФФК „Браќа Манаки“, Томи Салковски за „Златна Рамка“ – Ревија на македонски филм и на Иван Ивановски за „50 години македонски анимиран филм“, соопштија од ДФРМ.
фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.