Актерот Зоран Љутков преку статус на Фејсбук пишува дека актерот Игор Џамбазов добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.
Нема подобар момент за да се нагласи величината на нечиј живот од оној кога личноста се радува за уште еден освоен врв.
Особена чест ми претставуваше што токму денес, на промоцијата на Игор Џамбазов на “Присобрани дела”, како дел од Саемот на книга 2022, во присуство на многу колеги, на мојот пријател и колега му соопштив дека жири комисијата одлучи тој да биде добитник на актерската награда за животно дело “Петре Прличко”.
Наградата официјално ќе му биде предадена на 19 Мај, на отворањето на новоформираниот театарски фестивал во Велес, а на наше огромно задоволство добитникот на наградата за животно дело, Игор Џамбазов, како единствен наследник на животот и делото на Петре Прличко, даде дозвола истиот да се преименува во “5ре” во чест на неговиот дедо.Велес е горд на својата култура, на големите имиња кои оставиле трага во минатото која силно одѕвонува до денес. Наше е да ја зачуваме, негуваме и воздигнеме културата која сите не оплеменува. Велес живее!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.