Деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше Охридија Димитровска наставничка од Вршац – Војводина.
Димитровска веќе пет години предава македонски јазик со елементи на национална култура на ученици во ОУ „Моша Пијаде“ во Гудулица и во ОУ „Јован Стерја – Поповиќ“ во Вршац. Всушност во образовниот систем на Република Србија македонскиот јазик е одобрен во наставата како изборен предмет.
Наставничката Охридија ни објасни дека минатата учебна година имала по два часа неделно во мешовитите македонски паралелки составени со ученици од прво до шесто одделение а заинтересираните деца македонскиот можат да го учат до крајот на осмо одделение.
Чувствувајќи ја потребата и неопходноста од нова литература за учениците во Вршац ние направивме избор од книги ( поезија и раскази) од македонски и странски автори кои на Охридија Димитровска и’ ги предаде колешката – библиотекар Бети Лазеска – Симоноска.
Се надеваме дека од септември посебно децата ќе бидат радосни што ќе можат да читаат нови наслови на македонски.
Охридија е родена во Охрид по татко е Македонка, но како што ни рече од мала со родителите е преселена во Војводина. И покрај тоа често доаѓа во родниот Охрид, особено на лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.