Изминува и шестата година од даденото ветување дека градот-храм на театарската уметност, Прилеп кој безмалку шест децении е и фестивалски „дом“ на основоположникот на македонскиот театар, револуционерот Војдан Чернодински, ќе добие нов тетар, пишува Алфа телевизија.
Новиот објект се’ уште го нема, иако точно пред една година беше најавено дека овој проект Министерството за култура ќе го финасира со 100.000 евра за изработката на проектно-техничката документација. Тогаш, директорката на НУЦК „Марко Цепенков“, во чиј склоп треба да биде и новиот театар кажа дека веќе од средината на 2022 година треба да започне и изградбата.
Во моментов се трансферираат 4,5 милиони денари на сметката наменска, посебна на Прилеп за изработка на главниот проект за театарот кој што следната година ќе почне да се гради, – изјави Зоран Заев на 19.12.2020-та година.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.