Музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга „Полиграф“ ќе се одржи вечерва во 21 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Промоцијата се одржува во рамките на 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, кој беше отворен синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје.

Претходно во 13 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература/општетство/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените прцеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата Скопје Fellowship кои ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на средбата е Владимир Јанковски.

Во 20 часот ќе се одржи разговор на Александар Прокопиев со режисерот Рајко Грлиќ. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски.

Следува промоцијата на книгата „Полиграф“ и кус музички перформанс на Пијан Славеј (гитара и глас) и Гоце Јованоски (бас).

Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“ – филмот „Медена земја“. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.