Изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, насловена хартии, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност, во четврток, 12 мај.
Со почеток во 20 часот, претставена ќе биде ретроспектива на истражувањата на Андреевски врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години.
Публиката ќе може да види дела од различни фази и тематски циклуси, почнувајќи од дела создадени уште во раните студентски денови, односно од 1983 година, па сè до последните патувањата на Сергеј низ светот.
Во рамки на изложбата ќе бидат претставени дела на хартија од римска фаза, односно дела создадени за време на Андреевски во Рим, Италија, потоа дела од нирнбершката фаза, дела создадени за време на престојот во Нирнберг, Германија, како и дела создадени за време на престоите во Франција, Јапонија, Америка, Тунис и Египет.
На изложбата ќе бидат претставени и дела од циклусот ‘Кучињата лаат’ што премиерно беше изложен во Москва во 2015 година и дела од циклусот ‘Цвеќулиња”’што за прв пат беа изложени во Берлин во 2012година. На поставката ќе се најдат и скици и цртежи од мал формат што Андреевски ги има правено буквално за време на патувањата во авион, автобус, на брод“, информираат организаторите.
Тие дополнуваат дека најголемиот дел од делата никогаш не биле изложени пред македонската јавност.
Изложбата ќе биде отворена до 12 јуни, а куратор е Кирил Пенушлиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.