Претставата „Момчето со куферот“ на Малиот театар „Душко Радовиќ“ од Србија ја освои Гран при на 2. издание не Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што заврши во саботата. Претседателот на комисијата Тин Грабнар, режисер од Словенија и членовите: театрологот Миливоје Млаѓеновиќ од Србија и актерот Драган Довлев, во образложението пишуваат:

Оваа возбудлива драмска приказна со актуелна содржина и сценски јазик и еруптивна актерска енергија, остава силен впечаток на сите генерации.

Оваа претстава се закити и со повеќе други признанија, па така наградата за најдобра режија ја доби Дамјан Кецојевиќ, додека најдобри актерски остварувања имаа Јелена Илиќ и Недим Незировиќ од „Момчето со куферот“.

Во рамките на фестивалот е доделена и наградата за најдобра костимографија која отиде во рацете на Маја Мирковиќ од истата претстава.

Наградата за најдобра сценографија годинава е доделена на претставата „Шумата од песни“ во режија на Петер Кус, а во изведба на „Кускус“ институтот, Арт продукција од Љубљана, Словенија. И специјалната награда за музика од жири-комисијата отиде во рацете на Петер Кус“.

Жирито додели уште две специјални награди за севкупност на естетскиот израз и тоа на претставата „Бамби“ во режија на Јакуб Максимов, а во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац, Србија, Втората специјална награда која се доделува за имагинативно куклено мислење беше наменето за претставата „ERROR 404“, во режија на Вагнер и Хулио Гало, а во изведба на театарот „Анхелес де трапо“ од Малага, Шпанија.

Со оглед дека првпат годинава беше формирано и детско жири, кое имаше улога да одлучува за претстава што најмногу ќе им се допадне, беше доделена и наградата за најдобра претстава од нејзините членови: Тара Поповска, Уна Силјановска, Теофил Сачкарски, Неда Блажевска, Саша Димитриевска, Максим Ѓорѓиевски. Според нив, најдобра претстава на фестивалот е „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецоејевиќ, а во изведба на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград, Србија.

Фестивалот годинава се одржа од 27 до 30 септември, под покровителство на Претседателот на Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за култура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.