Во Железничката зграда во Скопје вечер ќе се одржи перформансот „Градот како сцена II – приказна за шетачката“, како дел од програмата на 48. издание на МОТ. На репертоарот вечер се и перформансите „Кем“ и „Сингуларност“.

„Градот како сцена II – приказна за шетачката“ е театарска инсталација во три чина и е продолжение на истражувањето претставено во рамки на националниот павилјон на Република Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година, како дел од платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики, Градот како сцена. Автори се Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори: Филип Јовановски и Ивана Васева.

„Кем“ е богат танцов израз, перформанс базиран на курдските ритуали, од Германија. Станува збор за традиционален, но современ вокален и телесен перформанс. Автор и режија е на Мирза Метин, а перформансот ќе се одржи во ФДУ.

„Сингуларност“ е мултимедијално дело за танц, интерактивен звук и визуелни елементи. Изведбата е обид за автопоезис, самосоздавање. Како чувствителен софистициран танцов перфрманс, има одличен спој на звук и слики. Кореографија е на Кули Росна, Кенет Флак. Музика е на Мадс Кјелдгард. Дизајн на интерактивен звук е на Кенет Флак во соработка со Кули Росна. Автори се Кули Росна режија; Кули Росна, Кенет Флак. Перформансот ќе се одржи во МКЦ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.