Утре, на први ноември, во Националната ггалерија „Мала станица“ во Скопје (20 часот) се отвора Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

„Годишната изложба на ДЛУМ” претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ. Друштвото, поддржувајќи го значењето на оваа изложба, и оваа година ќе додели четири награди: за сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.

Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно – историски контекст, бидејќи возможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ.

Таа е неселективна, со цел да ги прикаже актулните ликовни стилови и техники, и да им овозможи на сите учесници, членови на ДЛУМ јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во период од една година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.