На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ е издание на „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров.
Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издаваштвото „Персеј“ на бугарски јазик. “Одбројување“, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.
„На враќање“ е возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна, роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.