На 24 септември, вторник, во 21 часот, во киното „Манаки“ ќе се одржи Француска вечер вo рамките на јубилејното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“ со проекција на култниот француски филм „Чудесната судбина на Амели Пулен“, во присуство на директорот на фотографија и овогодишниот добитник на награтата Златна камера 300, Бруно Делбонел.

Воедно, во рамките на фестивалскиот проект „Копродукција помеѓу Франција и Западен Балкан“ во рамките на фестивалот, предвидени се и знајачни средби помеѓу француските продуценти и носителите на проекти од регионот, поддржани од Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.