Фране Памиќ, кинематограферот на филмот „Ескорт“ на денешната прес конференција, по проекцијата на филмот говореше за соработката со режисерот Лукас Нола, кој неодамна почина.

Добив покана од Нола, тој е хрватски познат режисер и тоа за мене беше голема работа бидејќи тој ми беше професор на Академијата. Лукас беше и сликар, имаше завршена ликовна академија и размислуваше во слики. Сакаше многу да ексериментира и пробувајќи нови нешта дојдовме до интересни резултати со актерите, светлото, бојата…Филмот е еден вид борба на Лукас против насилството, рече Памиќ.

Тој се заблагодари за поканата и подвлече дека од најмлада возраст го следи Фестивалот „Браќа Манаки“ и дека се надева оти ќе дојде повторно со друг филм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.